Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

970 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија во земјава

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 970 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Министерството за здравство на дневна основа известува дека во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 96 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 107 во ковид-центарот во Гостивар 45, а во Струга 21 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 93 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 31, Кавадарци 64, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1667 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид-центрите, известува Министерството.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од таму.

Додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и дека ресорното министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Спонзорирано: