10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чешка: Не очекувавме таков одговор од Русија, размислуваме за понатамошни чекори

Чешка објави дека руското протерување на 20 чешки дипломати е посилна реакција од очекуваната и дека владата ќе размисли да преземе понатамошни чекори. Министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Хамачек, рече дека ги повикал колегите од Европска Унија да изразат солидарност.

„Очекувам дека ќе добиеме поголема поддршка, а од земјите-членки зависи дали ќе донесат некои конкретни одлуки“, додаде Хамачек.

Чешка нареди протерување на 18 руски дипломати, велејќи дека се сомнева на руски разузнавачи за вмешаност во експлозија во складиште за муниција во 2014 година. Русија вчера одговори со протерување на 20 чешки дипломати како одмазда.

„Реакцијата на Русија е посилна отколку што очекувавме, повеќето се дипломати отколку разузнавачите што ги протеравме“, рече Хамачек на прес-конференција.

„Ќе се сретнам со премиерот и ќе разговарам дали и кога ќе биде потребно да се преземат понатамошни чекори од наша страна“, најави тој.

Чешката влада соопшти дека имаат основано сомнение дека двајца руски разузнавачки агенти, обвинети и за напад со новичок во Велика Британија во 2018 година, стојат зад експлозијата на складиште за муниција во Чешка четири години порано, кога загинаа две лица.

Спонзорирано: