13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Експертите предупредуваат на „пандемија“ од витамин Д

Медицинската и стручната јавност предупредува на неселектоивно користење на витамински додатоци во услови на пандемија од коронавирусот.

За само неколку месеци, научниците се префрлија од предупредувањето за недостиг на витаминот Д кај населението во предупредување за злоупотреба и неселективна употреба на додатоци кои се нудат за подобрување на имунитетот, пишува шпанскиот весник „Паис“.

„Потребите за витамин Д може да варираат од личност до личност, така што нема единствено ниво на концентрација на 25-хидроксивитамин Д што го дефинира дефицитот и нема усогласеност за точното ниво на витамин Д што претставува оптимално здравје“, стои во изјавата на тим од експерти од Северна Америка.

Научниците од американскиот национален институт за здравство предупредуваат дека преголемите концентрации на витамин Д во крвта се речиси секогаш последица на негово прекумерно консумирање преку додатоци во исхраната и дека тие можат да предизвикаат откажување на бубрезите и аритмија, и на крајот смрт.

Употребата на премногу хранливи додатоци како што се витамините, дури и оние неутрални како вода, може да има штетни последици по здравјето на луѓето, велат научниците.

Спонзорирано: