10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: press kit, sputnikvaccine.com
КОРОНАВИРУССВЕТ

Курц: Австрија ќе го користи „спутник В“ само по одобрување на ЕМА

Австрија ќе ја користи руската вакцина „спутник В“ против коронавирус само кога ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), изјави во понеделникот австрискиот канцелар Себастијан Курц во услови на зголемена фрустрација на јавноста поради брзината на вакцинирање.

Австрија преговараше со Русија за купување на милион дози на вакцина, а Курц на 31 март рече дека најверојатно наредната недела ќе ја нарача вакцината. Сепак, таа нарачка сè уште не е објавена.

Курц неодамна избегна да одговори дали неговата земја ќе чека одобрување од ЕМА за вакцината, која од земјите на Европската Унија во моментов ја користи само Унгарија. ЕМА започна да го оценува „спутник В“.

„Се надеваме дека ЕМА ќе го одобри брзо, бидејќи секоја дополнителна доза на вакцина ни помага да спасиме животи“, рече Курц, додавајќи дека неговите конзервативци и нивниот коалициски партнер, Зелените, се согласиле да ја нарачаат вакцината. Портпаролот на Курц потврди дека вакцината ќе се користи само откако ќе биде одобрена од ЕМА.