8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Србија пристигнаа 106.000 вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека денес во Србија пристигнала редовната достава на вакцините на „Фајзер-Бионтек“.

Во Србија пристигнале 106.470 дози од вакцината против коронавирусот, кои биле доставени до Институтот „Торлак“.

Премиерката Ана Брнабиќ вели дека повеќе од 211.000 вакцини од тој производител се очекува да пристигнат во Србија следниот вторник.

„Се надеваме на уште еден контингент од 500.000 вакцини на ‘Синофарм’, но исто така и на вакцината ‘спутник В’“.

Таа потсети дека Србија нарачала речиси 15 милиони вакцини за што има потпишано договори нагласувајќи дека интересот за вакцинација не се намалува.