25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германија би можела да остане заклучена до јуни

Германија може да остане заклучена до средината на јуни, објавија медиумите повикувајќи се на сигналите што доаѓаат од германската влада.

„Тагешпигел“ пренесува дека шефот на кабинетот на германската канцеларка, Хелг Браун, за време на состанокот со провинциите, што се одржа вчера, ставил до знаење дека владата разгледува дополнителни заострувања при влошување на епидемиолошката состојба, кои би можеле да траат уште шест до осум недели.

Од тоа може да се заклучи, додава весникот, дека Берлин смета оти мерките за заклучување ќе останат во сила до крајот на мај или до средината на јуни.