20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германците, поради пандемијата, трошат повеќе вода

Во Германија потрошувачката на вода се зголемила минатата година поради пандемијата.

Како што се наведува, дневно се потрошени 129 литри на жител, што е за четири литри повеќе од претходната година, објави германското водостопанство БДЕВ.

„Работата од дома, ограничниот контакт и недостигот на патувања доведоа до тоа граѓаните да поминуваат повеќе време дома и да трошат повеќе вода“, изјави директорот на БДЕВ, Мартин Вајанд, додавајќи дека тие ги мијат рацете почесто и подолго.

Исто така, домаќинствата трошеле повеќе вода бидејќи помалите бизниси, како што се рестораните, ја намалиле нивната потрошувачка поради мерките за заклучување.