10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Данска ќе бидат вакцинирани 100.000 луѓе за еден ден

Данскиот министер за здравство, Магнус Хојнеке, денес прогласи голем ден на вакцинација затоа што 100.000 луѓе ќе бидат вакцинирани за еден ден.

Вакцините ќе бидат дадени во 68 центри за инокулација во Данска, која има речиси шест милиони жители.

Данскиот министер рече дека Данците ќе постават нов рекорд и ги повика луѓето да пристигнат на време за вакцинацијата.

Најголемиот дел од вакцинацијата ќе се реализира во Копенхаген и неговата околина, каде што живее една третина од населението.

Во Данска досега 868.461 лице или речиси 15 проценти од населението ја примиле првата доза од вакцината, а 445.566 лица или речиси 8,0 проценти ги примиле двете дози.