25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Од денеска отворени средните училишта во Грција

Грција денеска ги отвори средните училишта по петмесечна блокада поради коронавирусот.

Отворањето на училиштата се случи откога грчките власти ставија на располагање домашни тестови за кои се надеваат дека ќе помогнат во контролата на пандемијата и повторно отворање на економијата, пренесува грчкиот портал „Екатимерини“.

Од учениците и наставниците ќе се бара да носат маски и да прават најмалку два теста неделно – секој понеделник и четврток.

Оние што посетуваат училиште ќе мора да направат негативен тест на Ковид-19 како доказ, а тестирањето е задолжително и за оние што биле вакцинирани против вирусот.

Грција е во блокада од почетокот на ноември минатата година.

Грчките здравствени власти вчера пријавија 1.718 нови случаи на коронавирус и 52 смртни случаја.

Од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 295.480 потврдени случаи на коронавирус, со 8.885 смртни случаи.