10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Утре завршува вакцинацијата на вработените од критичната инфраструктура

Денеска и утре завршува вакцинацијата на вработените од критичната инфраструктура опфатени во првата фаза, а имунизацијата против Ковид-19 во согласност со националниот план продолжува со вакцинација на граѓани, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Преостанатиот дел од 20.000 вакцини ‘спутник В’ ќе бидат распределени по возрасни групи онака како што сега се одвива вакцинацијата од почеток со вакцината на ‘Астра зенека’ на вакциналните пунктови. Апелирам до сите да се пријават на интернет-страницата за вакцинација vakcinacija.mk за податоците да влезат во системот ‘Мој термин’ и на тој начин бидат регрутирани. Истовремено, и матичните лекари имаат обврска да ги анкетираат своите прикрепени пациенти, осoбeно оние постарите, кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи, од среда вакцинацијата во државата продолжува со возрасните категории граѓани, како ќе доаѓаат понатаму вакцини, ќе се надополнуваат двата система – приоритетно за постарите граѓани и продолжување на делот на критичната инфраструктура“, изјави Филипче.

Министерот истакна дека вакцинирани се сите оние што имаат најголем ризик, кои практично учествуваат во менаџирањето на кризата од самиот почеток, како припадници на МВР, Армијата, понатаму вработените во училиштата, наставничките од 1 до 3 одделение, негувателките и воспитувачките и вработени во правосудниот систем. Денеска се вакцинираат вработените во медиумите.