24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Младите во Шведска отвораат прозорци навечер и врескаат за да се ослободат од стресот

Студентите во Шведска, и не само студентите, ги отвораат прозорците во 22 часот и врескаат на целиот глас – овој феномен се нарекува крик на Флогст.

Студенти од Сернандерс Вага, во Упсала, врескаат секоја вечер, а нивните колеги од Лапкарсбергет пуштаат глас само во вторник, додека во Лунд врескањето почнува во 23 часот.

Многумина велат дека станува збор за култ, но причината е прилично рационална – студентите врескаат за да се ослободат од стресот, фрустрациите и од стравовите.

Овој феномен, кој Швеѓаните го нарекуваат крик на Флогст, го доби името по студентска населба во близина на Упсала.

Според популарната теорија, врескањето почнало во 70-тите или 80-тите години на минатиот век кога група студенти од Лунд гледале документарец за исконски крик и заклучиле дека бучавата ќе им помогне да се ослободат од негативните емоции и стресот поради испитите.

Затоа шведскиот феномен првин беше наречен крик на Делфи, а дури подоцна стана крик на Флогст.

Ако се најдете во Шведска во студентските делови на градовите каде што овој феномен е сè уште начин на живеење – не двоумете се, туку пуштете го гласот, наведува порталот „Пункуфер“.