18.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ИЗБОРИ: Распоред на прес конференции на ЦИВИЛ на 8 мај

Вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори во Република Северна Македонија ќе се одржат на 8 мај ( утре).

Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

Ќе се гласа на 3480 избирачки места, а избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати.

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 гласачи, додека на право на глас на парламентарните избори имаат 1.815.350 гласачи.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе ги набљудува вториот круг на претседателските како и парламентарните избори, и ќе одржи осум (8) прес конференции, четири на македонски и 4 на албански јазик, во растојание од 30 минути, на кои ќе сеобјавуваат наодите од мониторингот на изборниот процес низ целата земја.

Во продолжение се распоредите на обраќања до јавноста, односно прес конференциите на изборниот ден, на ЦИВИЛ – Центар за Слобода и Државната изборна Комисија.

Распоредот на одржување на прес конференциите на ЦИВИЛ е следен:

МК
10:30- Прва прес конференција со препораки од организацијата
14:00 – Втора прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ
18:00 – Трета прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 17:30 часот
20:30 – Четврта прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 19 часот и прелиминарна оценка на денот на гласањето.
АЛ
11:00 – Прва прес конференција со препораки од организацијата
14:30 – Втора прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ
18:30 – Трета прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 17:30 часот
21:00 – Четврта прес конференција со наоди од мониторингот на ЦИВИЛ до 19 часот и прелиминарна оценка на денот на гласањето.
Прес центарот на ЦИВИЛ ќе бидат отворен за медиумите во текот на целиот изборен ден, а ќе има и вонредни обраќања, доколку има итни информации од теренот.

Добредојдено е и лично присуство и виртуелно учествона претставници од медиумите. Прес конференциите ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube.

Д. Тахири во соработка со ЦМТ

Извор: Civilmedia.mk