6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Јапонија ги засилува антиковид-мерките пред Летните олимписки игри

Во Токио од денес се во сила поостри антиковид-мерки бидејќи во пресрет на Летните олимписки игри во градот се шири позаразен вид на корнавирусот, а помалку од еден процент од граѓаните се вакцинирани во целата земја.

Јапонските власти наредија првин да се вакцинира медицинскиот персонал, но денес вакцинацијата е проширена и на повозрасните граѓани и се одвива на 120 точки во целата земја, објавија агенциите.

Заострувањето на мерките во главниот град на Јапонија, кое ќе биде во сила до 11 мај, му даде на гувернерот на Токио одврзани раце да нареди скратување на работното време за ресторани и барови и да ги казни прекршителите.

Покрај главниот град, мерките се засилени и во Кјото, во западна Јапонија и на островот Окинава на југ, каде што е забележано зголемување на бројот на пациенти од Ковид-19 во последните неколку недели.

Градоначалникот на Токио, Зурико Коике, апелира до граѓаните да не одат на пат, освен во случај на итни, суштински обврски и да се придржуваат до мерките за социјално дистанцирање.

Спонзорирано: