На 61-годишна возраст денеска почина докторката Билјана Ичева.
Ичева која беше вработена во Негорските минерални Бањи била хоспитализирана на Клиниката за инфективни и фебрилни болести, но за жал не успеала да се избори со вирусот.
Нејзиниот сопруг, кој е доктор и е заразен сѐ уште се лекува на инфективната клиника во Скопје, пишуваат повеќе медиуми.
Лекарката Ичева беше специјалист физиотерапевт, а заврши Медицински Факултет во Скопје. Таа поради опакиот вирус, зад себе остави две деца.
Спонзорирано: