Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Видео: Мафијата е во паника по серијата успешни акции на полицијата – вака беа уапсени дилерите на наплатната кај Сопот

Продолжуваат серијата акции на полицијата во кои паднаа голем број на дилери, а притоа беа запленети огромни количини на дрога во изминатиов период.

Двајца дилери на хероин од Прилеп се упасени во полициска акција што попладнево била спроведена.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, дилерите биле уапсени на патарината кај Сопот.

„Денеска во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај Сопот, полициски службеници приведоа две лица, кај кои е пронајден хероин“, велат од МВР.

Социјалните мрежи вријат, а граѓаните велат, дека по ваквите успешни акции на македонската полиција мафијата во изминатиот период е избезумена и во паника, можеби и поради тоа се оркестрираните напади и саботажи врз властите во Македонија од страна на политички и медиумски структури блиски до бившиот режим.

Да потсетиме дека само пред неколку дена беше извршена успешна акција во која беа пронајдени 200 кг дрога на патниот правец Прилеп – Кавадарци, при што шестмина завршија во притвор.

Пред неполна недела македонската полиција, поради саботажа предизвикана од опозициски структури, ја убрза акцијата “Двојник” се со цел да не дојде до бегство на криминалците, при што “паднаа” 10 лица поради издавање на двојни пасоши. Релевантни личности и институции повикаа Јавното обвинителство да отвори истрага за саботажата која ја направија структури во една опозициска партија, со што беше направен обид за уништување на тајна меѓународна операција која се одвивала повеќе години.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК