23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Од последици од Ковид 19 почина Тони Николовски, основач на Бриф.мк

Со голема тага и болка ве информираме дека на 56 годишна возраст почина Тони Николовски, основач и поранешен член на нашата редакција.

Николовски низ годините работеше во МРТВ, Канал 5, А1 телевизија и Агенција Анадолија. Беше прв соработник на сопственикот на „А1 телевизија“, управител на „А2 телевизија“ и дел од сите проекти на „Фондацијата Рамковски“.

По негова иницијатива и со негова поддршка во 2012 година започна со работа Бриф.мк.

Во моментот работеше како советник за медиуми на министерот за земјоделство.

Николовски беше голем пријател и соработник, а неговото заминување од нашите животи следи по долгата борба со коронавирусот.