26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најсилен бран на Ковид-19 ја погоди Македонија: Рекорден е бројот новозаболени, хоспитализирани и починати

Откако вчера беа регистрирани рекордни нови 50 починати и високи бројки од 1320 новозаразени, Македонија се наоѓа во екот на најсилниот бран на коронавирус.

Рекорди се рушат и во бројотна пациенти кои се лекуваат и вкупниот број изнесува 1720 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 686 се во Скопје. Многу од нив имаат потешка слика на болеста.

Од почетокот на пандемаијата досега се регистрирани 132740, додека бројот на оздравени пациенти е 108197, а на починати е 3860. Вкупниот број активни случаи изнесува 20683 од кои 10281 се во Скопје.

Третиот бран се наоѓа во седмата недела, а според надлежните еден бран траел од 6-8 недели пред да го достигне својот пик.

Вкупно вакцинирани се 8398 здравствени работници и граѓани на возраст над 77 години, а пријавени за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk се 123300 граѓани.