10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАБИЗНИС

Добра вест: На летување во Грција со која било вакцина или негативен тест

Годинава, на летување во Грција ќе може да одат сите лица што ќе приложат потврда дека се вакцинирани со која било вакцина проитв Ковид-19, со негативен ПЦР-тест или брз тест, а грчките граници, најверојатно, ќе бидат отворени кон средината на април, иако сезоната официјално почнува на 14 мај, соопштија денеска во Белград министрите за туризам на Србија и Грција, Татјана Матиќ и Харис Теохарис.

Двајцата министри денеска потпишаа меморандум за сертификација на вакцинацијата.

Грчкиот министер на прес-конференција рече дека неговата земја ќе ги прифати вакцинираните со сите вакцини, вклучувајќи ги кинеските и руските, иако тие сѐ уште не се прифатени на ниво на ЕУ.

По состанокот, беше објавено дека туристие ќе може да одат во Грција кон средината на април, односно дека се очекува тогаш да се отворат границите.

Исто така, Србите ќе може да влезат во земјата и преку Македонија и преку Бугарија.

„Со цел да се нормализира туристичката индустрија, потпишавме заедничка изјава со печат на нашите две земји. Ние мора да ги обезбедиме сите услови за патување. Србија забележа подобар напредок во имунизацијата од нашата земја и се надевам дека набргу ќе биде исто и кај нас“, нагласи Теохарис.

Спонзорирано: