8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Авион принудно слетал во Софија – патник создал хаос за време на летот

Авион кој летал од Париз до Њу Делхи морал принудно да слета во Софија поради агресивното однесување на еден од патниците.

Му се заканува казна затвор од 10 години, соопштија денеска бугарските власти.

Патникот на „Ер Франс“, инаку државјанин на Индија, започнал агресивно да се однесува набргу по полетувањето вчера попладне.

Како што објасни службеникот на Националната агенција за истраги, Ивајло Ангелов, тој се скарал со останатите патници, ја навредил стјуардесата и тропнал на вратата на копилотот.

Поради неговото однесување, капетанот морал да побара принудно слетување во Софија.

Човекот, чие име не беше соопштено, беше изнесен од авионот и обвинет за загрозување на безбедноста на летот, за што му се заканува казна затвор од 10 години.

„Ние ги истражуваме неговите мотиви и однесување, за што нема разумно објаснување“, рече Ангелов.