5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Британски виролог: Наскоро комбинирана вакцина против грип и ковид

Во блиска иднина може да се направи комбинирана вакцина против грип и ковид, изјави водечкиот британски виролог Венди Баркли.

Баркли е раководител на Одделот за заразни болести на Кралскиот колеџ во Лондон и им рече на пратениците дека најверојатното сценарио е дека ќе биде можно комбинирање на вакцината за сезонски грип со вакцината против Ковид-19, објави Си-ен-ен.

„Верувам дека следната година навистина ќе ни каже повеќе за епидемиологијата и за тоа како можат да се запрат нови видови на Ковид-19, односно колку брзо тие можат да мутираат и да нè натераат да ги модифицираме вакцините. Исто така ќе знаеме колку долго траат сегашните вакцини, па затоа ќе биде јасно колку ќе биде потребно да се зајакнат“, рече Баркли.