11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: press kit, sputnikvaccine.com
КОРОНАВИРУССВЕТ

СПУТНИК V Е МОЌЕН КАКО КАЛАШНИКОВ: Водечкиот австриски инфектолог ги открива карактеристиките на руската вакцина

Водечкиот инфектолог на Медицинскиот факултет во Виена, Флоријан Талхамер, денеска во интервју за Kronen Zeitung, ги откри карактеристиките на руската вакцина Спутник V, за која вели дека и покрај тоа што анализите се доцна направени, резултатите за ефикасноста покажуваат дека оваа вакцина е моќна и ефикасна против вирусот како пушката Калашников.

„Спутник V е како автоматската пушка Калашников: едноставен и ефикасен. Охрабрувачките податоци беа објавени во многу угледно списание – иако доцна, но сепак беа направени. За време на првата и втората вакцинација се користат различни вирусни вектори, што ја зголемува ефикасноста на вакцината“, рече професорот Талхамер.

Истовремено, австриската влада веќе го разгледува барањето на официјална МоскваСпутник V да се произведува во австриските фабрики, додека канцеларот пак, Себастијан Курц истакна дека е подготвен да се вакцинира со руската или кинеската вакцина ако Европската Унија, односно Агенцијата за лекови (ЕМА) даде зелено светло.

Спонзорирано: