14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Обид за атентат во Триполи, напаѓачи пукале кон автомобилот на министерот за полиција

Група вооружени лица денеска отвориле оган кон конвој автомобили во Триполи, во кои бил и либискиот министер за внатрешни работи Фати Башага, но министерот сепак успеал да избега од пукањето без повреди, изјавил извор близок на Башага.

Напаѓачите отвориле жесток оган врз конвојот на Башага кога минувал низ западниот дел на Триполи по посетата на Националната корпорација за нафта и полициското седиште, соопштил истиот извор.

Обезбедувањето на Башага возвратило на оганот и започнало потера по напаѓачите. Еден е убиен, друг повреден, а останатите двајца се приведени.

Нападот се случува во момент кога меѓународно признатата влада на национален договор (ГНА), чиј член е Башага, се подготвува да и отстапи место на преодната влада избрана како дел од процесот предводен од Обединетите нации, чија цел е обединување на завојуваните либиски страни.

Башага, истакната личност во градот Мисрата, ја загуби трката за премиер во владата на единството, но јавно ја поддржа новата администрација.

Првите податоци од истрагата укажуваат дека лицата кои го нападнале конвојот биле од Завија, друг влијателен град, кој се наоѓа на околу 45 километри западно од Триполи.

Спонзорирано: