Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Џонсон планира до крајот на јули вакцинирање на сите возрасни Британци

До крајот на јули, на сите постари луѓе во Велика Британија ќе им биде понудена вакцина за коронавирусот, истакна британскиот премиер Борис Џонсон.

Целта е да се заштити најранливиот дел од населението и да се преземат чекори за ублажување на некои од сегашните ограничувања.

Досега, повеќе од 17 милиони луѓе на островот ја примиле првата доза на вакцина, скоро секој трет возрасен.

Спонзорирано: