14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Повреден планинар пронајден по седум дена, вели дека кучето му помогнало да преживее

Човек што пешачел со кучето на италијанските Алпи преживеал седум ноќи на отворено, по пад во кој го скршил глуждот.

Спасувачките екипи во четвртокот со хеликоптер забележале маж како лежи во близина на поток во планините северно од Удине, во североисточна Италија. Тој бил покриен со лисја, но во близина го виделе и неговото спасувачко ќебе, пишува Би-би-си.

Мажот (33) бил гладен и жеден, но рекол дека неговото куче од мешана раса, Еш, кое било цело време со него, му помогнало да преживее.

Пронајден бил на надморска височина од речиси 700 метри.

Човекот од Трст бил во дел од долината Вензоне, каде што немало покриеност со мобилна мрежа. Неговата девојка во средата ја предупредила спасувачката служба. Изминатите години тој одел на слични прошетки и престојувал во планински колиби и импровизирани засолништа.