22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Температурите ќе скокнат и до 30°C, но доаѓаат нови пресврти со силно невреме и грмежи

Дене и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

Прогноза за 17.05.2024
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 20°C до 28°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 18.05.2024
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 23°C до 30°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме.

Прогноза за 19.05.2024
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.