17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАSHOWBIZ

Балканот во тага: Почина легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денес на 67-годишна возраст, пренесува „Блиц“.

Да потсетиме, Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника пред три дена, каде се лекуваше од пневмонија.

Балашевиќ имаше проблеми слични на оние што ги предизвикува коронавирусот пред десетина дена, но тој се јави на лекар само кога се влошија.

Ѓорѓе Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад, во семејството на неговиот татко Јован Балашевиќ и Вероника Доленец, од Расиња кај Копривница во денешна Хрватска.

Почна да пишува песни во основно училиште и сонувал да стане фудбалер. Го напуштил средното училиште во трета година, бидејќи не сакал математика, физика и хемија, но успеал да дипломира како вонреден студент и го положил приемниот испит за студии по географија. Не ги завршил студиите, туку се насочил кон музиката, а во 1977 година се приклучи на групата „Жетва“ со која ја сними хит-песната „У раздељак те љубим“ и го постигна првиот успех. Синглот беше продаден во повеќе од 180.000 примероци, што беше голем успех според југословенските стандарди.

Спонзорирано: