13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Европската комисија планира една милијарда евра за „Ковакс“ и 100 милиони евра за сиромашните земји

Европската комисија планира да го удвои придонесот на Европската Унија во програмата „Ковакс“, така што износот наменет за испорака на вакцини против Ковид-19 во сиромашните земји, што ќе го доделат земјите членки, ќе се зголеми на една милијарда евра, јавува АП.

Според официјалниот претставник на ЕУ, кој анонимно разговарал со агенцијата, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен, оваа одлука ќе ја објави денес за време на видеосостанокот на лидерите на групата седум (Г7).

АП пренесува дека Фон дер Лаен исто така ќе најави дополнителни 100 милиони евра за поддршка на кампањите за вакцинација во Африка во партнерство со африканските центри за контрола и превенција на болестите.

Покрај својот придонес преку „Ковакс“, ЕУ планира да сподели дел од своите вакцини со соседите во Европа и Африка.

Претседателката на ЕК редовно инсистира на тоа дека глобалната солидарност е потребна не само за да им се помогне на најсиромашните земји во светот туку и за заштита на ЕУ бидејќи смета дека никој не е безбеден сè додека сите не се безбедни во оваа пандемија, наведува агенцијата.

Спонзорирано: