9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

НАТО ќе испрати уште 3.500 војници во Ирак

Министрите за одбрана на НАТО одлучија да испратат дури 3.500 дополнителни војници во Ирак, пренесува „Анадолија“.

„Ќе ја прошириме мисијата за обука на НАТО во Ирак за да осигураме дека ИСИС нема да се врати“, објави генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.

Бројот на персоналот на НАТО ќе се зголеми од сегашните 500 на 4.000 во земјата, рече Столтенберг по вториот ден од виртуелниот состанок.

Истакнувајќи дека терористичката група ИСИС сè уште оперира во Ирак, Столтенберг рече дека зголемувањето на нападите ја истакнува важноста од зголемување на мисијата на НАТО. Тој додаде дека со проширување на својата мисија за градење капацитети, алијансата има цел да избегне ситуација во иднина за која ќе бидат потребни борбени сили на НАТО.

Министрите за одбрана на НАТО допрва треба да одлучат за идното присуство на воениот сојуз во Авганистан, рече Столтенберг.

„Сакаме да се осигуриме дека има траен политички договор, што ни овозможува да заминеме“, рече тој.

Шефот на НАТО истакна дека алијансата се обидува да обезбеди Авганистан никогаш повеќе да не стане безбедно засолниште за терористите.

Спонзорирано: