14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАТОП ВЕСТИ

Откриен уште еден нов вид коронавирус во Велика Британија, научниците загрижени

Во Велика Британија е откриен уште еден вид коронавирус со потенцијално загрижувачки пакет-мутации, велат експертите.

Видот, познат како Б1525, е предмет на извештајот на истражувачите од Универзитетот во Единбург, кои велат дека е откриен со геномско секвенционирање во 10 земји, вклучувајќи ги Данска, САД и Австралија, а во Велика Британија досега се откриени 32 случаја. Најраните случаи датираат од декември, а се појавија во Велика Британија и Нигерија, според „Гардијан“.

Тимот вели дека варијантата во својот геном има сличности со варијантата во Кент, Б117, и содржи голем број мутации, што ги загрижуваат истражувачите, вклучувајќи ја и мутацијата E484K на шилестиот протеин – протеин што се наоѓа од надворешната страна на вирусот и кој игра важна улога во помагање на вирусот да влезе во клетките.

Оваа мутација E484K е присутна во соеви што се појавија во Јужна Африка и Бразил и се смета дека го прави вирусот поспособен да избегне неутрализирање на антителата произведени од телото.