33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Внимание: Граѓаните сметаат дека просветителите Кирил и Методиј треба да бидат симболи на зближување

Екипата на „Внимание“ по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј ги праша граѓаните зошто го празнуваме денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј и тоа во Рим.

Граѓаните одговараат: затоа што моштите се таму, дека се признаени од папата, како и дека тие ја создале нашата азбука, според некои глаголицата, а други кирилицата.

Поголемиот дел од граѓаните сметаат дека браќата Кирил и Методиј треба да бидат симболи на зближување со другите земји и народи.
На прашањето, дали денес имаме потреба од нови, посовремени просветители, кои ќе шират дигитална и медиумска писменост – дел од граѓаните велат треба, а дел се за ширење на писменоста на традиционални начини.

Внимание ги праша граѓаните на кое писмо се нивните профили на социјалните медиуми? Повеќето од анкетираните одговорија – „латиница“. А дали би го смениле со кирилица, велат дека немаат проблем со тоа, додека други заради работата која е интернационална не би можела.

На прашањето дали македонскиот јазик и кирилицата ќе опстанат, граѓаните изразија убедување дека нема да исчезнат.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите.