10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Вучиќ најави пристигнување на 1.000.000 вакцини

Претседателот на Србија најави дека за еден месец во Србија ќе пристигнат уште милион дози вакцини против коронавирус.

„Почитувани граѓани на Србија. Се извинувам што сум облечен вака, но утрово имав разговори со наши пријатели ширум светот, за да се обидам да обезбедам што повеќе вакцини за нашите граѓани”, рече Александар Вучиќ во видео обраќање на кое се појави облечен во тренерки.

Тој рече дека е горд на граѓаните на Србија што сериозно ја сфатиле важноста на вакцинацијата и дека здравјето е најважно. „Пред почетокот на март, за само еден месец, ќе добиеме уште еден милион вакцини, добив цврсто ветување“, рече Вучиќ.

Спонзорирано: