14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 330 пациенти со Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, соопшти Министерството за здравтво.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 26 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 34 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скоппје и во болниците низ земјава е 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид центрите.

„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од МЗ.

Спонзорирано: