-3 C
Скопје
22. јануари 2021
Centar.mk – Дознај сѐ!
Коронавирус Свет Во тренд...

Аргентина разви антиковид-серум, ќе се дистрибуира оваа недела

Pixabay / Илустрација

Аргентина успешно ги заврши клиничките испитувања за хиперимун серум против Ковид-19 развиен од антитела земени од коњи, а неговата дистрибуција ќе започне во наредните денови, соопшти компанијата вклучена во студијата за серум.

Серумот, кој ќе го пропишуваат лекари во болници и други медицински установи, е произведен од аргентинската компанија за биотехнологија „Имунова“.

„Серумот ќе биде подготвен за дистрибуција оваа недела“, изјави за „Ројтерс“ портпаролката на „Имунова“.

Антиковид-серумот веќе ја помина последната фаза од клиничките испитувања, рече таа.

„Во моментов, фабриката произведува околу 60.000 шишиња серум месечно, што значи помеѓу 12 и 15.000 третмани, бидејќи третманот зависи од тежината на пациентот, така што варира помеѓу 4, 5 или 6 шишиња по пациент“, соопштија од „Имунова“.

Откако Аргентина биде снабдена со овој серум, „Имунова“ е во контакт со неколку земји од Латинска Америка и размислува за натамошно зголемување на производствениот капацитет.

„Веруваме дека ќе произведуваме 1.000.000 шишиња месечно во март“, рекоа од „Имунова“.