6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТАВМАКЕДОНИЈА

Колумна на Даниел Станојовски – „ПАРАДОКСОТ НА НОВОТО – СОВРЕМЕНО ВРЕМЕ“

И, како што одминува времето, односно како што започна Новата 2021 година со надеж и уверување дека ќе се подобрат состојбите на домашна сцена (од аспект на рационални перцепции)) и да се надмине општествено – здравствената па и, економска криза, предизвикана од корона вирусот, се случува нов „БУМ“ на светско ниво – американско фамозно „собитие“ или нов моделиран терк кој ќе ја промени состојбата на општественото (пре)уредување. Повеќе аналитичари, експерти од Меѓународното право ги истакнаа своите ставови по однос на „Државниот удар во САД“, каде на различен начин ја „интерпретираат“ ескалацијата на насилството, после изборот за нов претседател на Соединетите Американски Држави, со „демократско портфолио“ или (по)демократска провиниенција.

Ако од повеќе перспективи и „остар“ агол ја согледаме ситуацијата низ актуелните општествено случувања (како што милуваат повеќето да ги нарекуваат) коишто се занимаваат со тоа дали вакцината која во догледно време ќе ја стават во погон и во Македонија, а мислењето околу тоа дали е добро и корисно да се вакцинира човек или не, стана доминантна актуелна тематска дискусија, и не само во виртуелниот свет, туку и во реалниот. Се почесто се среќаваме со индигнација и пејоративи (омраза и агресивно напаѓање на соговорници кои имаат некакво поразлично мислење од самодекларираните „интернет експерти“ кои имаат изградено мислење и став (со „навидум“ висок професионализам и сестраност кон областа). Тоа станува голем, грамаден и колосален апсурд и заблуда, која имагинарно се преточува во парадокс, која обратно – пропорционално рефлектира на „новиот – современ поредок“, односно, со други зборови, ќе констатираме дека се уште сме на истата положба (стојалиште), што се нарекува „Статус Кво“.

Аналогното е апстрактно за нас, уназадени, девастирани, а споредбено треба да е запишано со големи букви, дека, во цивилизираниот, напреден и прогресивен свет, преовладуваат вредности засновани со норми и општествено здрави и ситуирани личности, индивидуи кои достигнале висок степен на едукација со чисто изградени ставови, сегментарно, во општествено – политичкото опкружување.

Ќе заклучиме (со одредени консеквенци) дека не сакаме (а не, дека не можеме) да излеземе или да се оттргнеме од овој закоравен свет. Со неколку есенцијални збиднувања по однос на суштински и круцијали општествени прашања за тоа како да продолжиме да го градиме ентузијастичкиот дух на новото – современо време, се појавува друг подлабок и октроиран систем, а тоа е континуираниот внатрешно – домашен политички дискурс. Исти луѓе – стари идеи. Естаблишментот во државата, дали е општествен или политички не е подложен повеќе на радикална и темелна промена, тоа е погубно, бидејќи ја нема желбата за промени народот (граѓанскиот електорат). Нема иновативни идеи кои би го придвижиле општеството кон напредок. Фундаменталната содржина или „природа“ на денешницава, која „копнее“ да застане рамо до рамо со прогресивниот современ начин на живот или порационално – модерното размислување, наспроти денешната примитивна заедница која доминира, за жал, е одразено преку еклатантни егземплари на сервирање на лажни вести и информации на многу битни теми маневрирани со дневно – политички препукувања и премрежја.

Всушност, Балканот отсекогаш имал многу низок менталитет, средина, упориште каде што владе голем примитивизам и малограѓанштина. Одлика на сето ова е продлабочувањето на „расплетот на околности“, со еднодимензионални претпоставки, без поткрепа на факти, аргументи и информации, наспроти стекнато искуство и вредна цел.

Но, што е тука поголемиот парадокс на светско ниво, изоставувајќи не нас како ирелевантен (гео)политички фактор на земјата!
Тоа што најголемата воена и економска сила преку немилите настани во Вашингтон, апроксимативно го наруши својот примарен атрибут на „демократска држава.“

Политиколозите поделени околу анализите дали ќе има ова трајни импликации и последици. Едни го поздравуваат начинот на кој демонстрантте упаднале, други чувствуваат анимозитет и огорченост, и најостро го осудуваат овој „пуч.“

Како компаративна анализа и иманентна експликација, доследно се произнесоја со адекватни осврти (и најрелеватни толкувања, универзитески професори од најреномирани универзитети, кои повеќето од нив ја манифестраа нивната индиферентност, што не е типично својствено за нивната титула).

Како фуснота на овој мој блог (колумна) ќе ја дескриптирам Викторијанска новела (ера) која мислам најдобро ќе го опише новото – современо време, со неговите аномалии. Или поточно, ќе го цитирам најголемиот и најзначајниот претставник од тој период, а тоа е англискиот писател и социјален критичар, Чарлс Дикенс (а, кој често го нарекувале и книжевен гениј), кој рекол: „Никој не е бескорисен во овој свет, затоа што некому му го олеснува товарот.“

Оваа негова мислам ќе ја апсорбирам како маглива алузија на она што е во сенка на масонските движења и „длабоката држава.“
Парадокс, и тоа каков!

Пишува, блогер: Даниел Станојоски
Демир Хисар
12.01.2021

Спонзорирано: