24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кралицата и принцот Филип примиле вакцини против коронавирус

Монархињата Елизабета Втора и принцот Филип примиле вакцина против коронавирусот, потврди Бакингемската палата.

Кралицата и нејзиниот сопруг биле вакцинирани во замокот Виндзор во саботата.

На 9 јануари, портпаролот на палатата соопшти: „Кралицата и војводата од Единбург денес примија вакцини против Ковид-19. Домашниот доктор во замокот Виндзор ги вакцинираше, а со цел за да се спречат неточности и понатамошни шпекулации, нејзиното височество сака да даде до знаење дека ја има добиено вакцината.“

„Сандеј тајмс“ претходно објави дека кралицата и војводата од Единбург се очекува да бидат меѓу првите кои ќе примат вакцина. Извори во монархијата, наводно, рекле дека станува збор за лична одлука и приватна работа, но се смета дека доколку монархињата ја прими вакцината, нејзината јавна поддршка ќе биде моќен противник на движењето против вакцинација.