17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Новиот вид на коронавирус потврден во Турција

Петнаесет заболени со новиот вид на коронавирус што се појави во Велика Британија се откриени во Турција, соопшти денеска турското Министерство за здравство.

Министерот Фахретин Коча изјави дека станува збор за патници кои пристигнале од Велика Британија и додаде дека сите се во карантин.

Турција, како и многу европски земји, привремено ги прекинаа летовите со Велика Британија на крајот на декември.

Турските власти од минатата недела бараат негативен тест за коронавирус за сите патници кои влегуваат во земјата.

Според официјалните податоци, 21.093 лица починале од коронавирус во Турција.

Спонзорирано: