Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Сончево време со температура до 14 степени

Времето денеска ќе биде сончево, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а попладне со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места на запад врнежи од снег, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево, наутро со услови за слаба магла во делови од котлината. Попладне со мала до умерена облачност и со умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 11 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ТВРДИ ДЕКА ДОЦНАТ ПЛАТИ, ЕСМ ДЕМАНТИРА – Компанијата најавува исплата во законскиот рок

ДЕСК

Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

ДЕСК

Димитриевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!

ДЕСК