14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Во САД досега се вакцинирани 1,9 милиони луѓе против коронавирус

Во САД досега се вакцинирани 1,9 милиони луѓе против коронавирус, а денеска во Вашингтон новата потпретседателка на САД, Камала Харис, и нејзиниот сопруг Даглас Емхоф ќе ја примат вакцината во живо, точно една недела откако новоизбраниот претседател, Џо Бајден, ја доби првата доза од вакината на „Фајзер“.

Вакцинацијата на медицинските работници е во тек низ цела Америка.

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, процени дека Америка е во „критичен момент“ во борбата против коронавирусот, бидејќи бројот на пациенти во САД расте.

Фаучи, кој ја прими вакцината минатата недела, изјави за Си-ен-ен дека е многу тешко луѓето да не се гледаат за време на празниците и дека тоа ќе предизвика нов бран на епидемијата.

Спонзорирано: