Centar.mk
МЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Снежно пред Нова година во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност. Под влијание на влажен бран од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег.

Поради продор на студена воздушна маса од север, во сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000м, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјава.

Прогноза за 24.12.2020
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 25.12.2020
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно, кон крајот на денот и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец.

Прогноза за 26.12.2020
Минимална температура: 2°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно со врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Можеби ќе ве интересира

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

СОНЦЕ, ТОПЛИНА И ПОПЛАДНЕВНА НЕСТАБИЛНОСТ: Еве какво време нè очекува на 31 мај

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЌЕ СКОКНАТ И ДО 34°C, НАЈАВЕНО Е И НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните денови

ДЕСК