Најмалку седум семејства ги напуштиле своите домови во загрепското подрачје Бијеник поради свлечиште што продолжува да се проширува. Ширината на загрозеното земјиште се зголемила од десетина на повеќе од 30 метри.
Според хрватските медиуми, опасност постои и за други станбени објекти на падината. Жителите бараат конкретна интервенција од надлежните служби, додека прашањата за причините за свлечиштето и одговорноста остануваат предмет на утврдување.


