Дождливото време ќе продолжи и во петок, 27 ноември. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, Македонија ќе биде под облачност со повремени врнежи, кои на одредени места ќе бидат поинтензивни.
Локално се очекува количеството наврнат воден талог да надмине 20 литри на квадратен метар во текот на 24 часа. Ќе има и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Поради влажните коловози, на возачите им се препорачува да ја приспособат брзината на условите на патиштата, особено на делниците каде што постои опасност од одрони.


