Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

УХМР СО ВОНРЕДНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ќе се формира снежна покривка во делови од Македонија – доаѓа и студ

Под влијание на циклонска активност до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд на пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег.

Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а во текот на целиот период наместа и над 80 l/m². Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утрата ќе бидат со температура и под нула степени.

Во Скопје, денес од вечерните часови, до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои за време на викендот на некои од повисоките делови од котлината ќе преминуваат во снег.

 

Можеби ќе ве интересира

ВОЗЕЛА „РЕНО“ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – 41-годишна прилепчанка приведена среде бел ден

ДЕСК

18-ГОДИШНИК СЕДНАЛ ЗАД ВОЛАНОТ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Приведен во Битола

ДЕСК

ТРАГИЧНА ВЕСТ – 41-годишна жена пронајдена почината во сместувачки објект

ДЕСК