Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

МВР СО ЗАСИЛЕНИ ПОДГОТОВКИ ПРЕД УТРЕШНИОТ ПРАЗНИК – Полицијата најавува нулта толеранција за насилство

Полициските служби ги координираат активностите за безбедно одбележување на Денот на албанското знаме. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска одржа работен состанок со раководители на организациските единици во Бирото и секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово и Тетово.

На состанокот биле разгледани расположливите информации, досегашните активности и мерките предвидени за утрешниот ден.

Јанев нагласи дека полицијата ќе постапува непристрасно и професионално, без толеранција за насилство и незаконско однесување, со цел празнувањето да помине во мирна атмосфера.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА ПРЕД КАФЕТЕРИЈА – Со нож ѝ се заканил на жена додека пиела кафе и ѝ ја одзел чантата

ДЕСК

ГОЛЕМА НОВИНА ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА – Полицајците ќе носат камери, снимките ќе се користат како докази

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со косовската претседателка Јустина Широка-Пула

ДЕСК