Под влијание на циклонска активност до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд на пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег. Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а во текот на целиот период наместа и над 80 l/m². Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утрата ќе бидат со температура и под нула степени.
Во Скопје, денес од вечерните часови, до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои за време на викендот на некои од повисоките делови од котлината ќе преминуваат во снег.
Прогноза за 28.11.2026
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 5°C до 10°C
Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер.
Прогноза за 29.11.2026
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 30.11.2026
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: 2°C до 7°C
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.


