Грчката национална метеоролошка служба денеска го заостри претходното предупредување за невреме, издавајќи црвен аларм за Јонските Острови, Епир и западниот дел на Централна Грција.
Според Министерството за климатска криза и цивилна заштита, врнежи и грмежи се очекуваат во повеќе делови од земјата до недела, а во Егејското Море се прогнозираат и многу силни ветрови.
На македонските граѓани кои планираат патување кон Грција им се препорачува да ги следат локалните предупредувања и информациите за евентуални сообраќајни ограничувања.


