Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче во Софија ќе разговара за да добиеме дел од првата пратка вакцини

Министерството за здравство, информира дека министерот Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов денеска ќе присуствува на седница на владата на Република Бугарија. На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа Република Северна Македонија да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во Република Бугарија.

Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид-19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција.

„ Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, нашата земја обезбеди вакцини против Ковид-19 и преку Ковакс механизмот. Во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив“ соопшти Министерството за здравство.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК