Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ГОЛЕМА НОВИНА ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА – Полицајците ќе носат камери, снимките ќе се користат како докази

Македонската полиција се подготвува за воведување камери што полициските службеници ќе ги носат на своите униформи.

Oпремувањето на службениците со вакви уреди се очекува до средината на 2027 година.

Новата технологија треба да овозможи документирање на полициските интервенции и пренесување видеосигнал до командните центри. Предвидено е снимениот материјал да може да се користи и во доказните постапки.

Во рамките на модернизацијата се планира и можност за воспоставување видеоповици со надлежните служби во случаи на семејно насилство. Пилот-проектот е најавен во Велес, а натамошната примена ќе зависи од реализацијата на системот.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА ПРЕД КАФЕТЕРИЈА – Со нож ѝ се заканил на жена додека пиела кафе и ѝ ја одзел чантата

ДЕСК

МВР СО ЗАСИЛЕНИ ПОДГОТОВКИ ПРЕД УТРЕШНИОТ ПРАЗНИК – Полицијата најавува нулта толеранција за насилство

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со косовската претседателка Јустина Широка-Пула

ДЕСК