16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Лондон стана град на духови, празни улици неколку дена пред Божик

Од британската престолнина пристигнуваат мрачни фотографии – станиците се празни, речиси да нема луѓе на улиците во Лондон и тоа неколку дена пред Божик.

Британскиот главен град повеќе личи на град на духови – на улиците можат да се видат само работници, додека продавниците се затворени, а станиците напуштени.

Премиерот Борис Џонсон во саботата воведе остри нови ограничувања за Лондон и поголемиот дел од југоистокот, поради што повеќе од 16 милиони луѓе се наоѓаат во карантин.

Четвртото, највисоко ниво на предупредување стапи на сила во Лондон на полноќ, а луѓето беа принудени да останат во своите домови.

Во меѓувреме е пронајден нов вид коронавирус, поради што Велика Британија во голема мерка е отсечена од Европа, но и од светот.

Европското копно постепено ги затвора границите со Велика Британија поради мутација на вирусот. Сите сообраќајни патишта кон Велика Британија се во голема мера затворени.

Спонзорирано: