17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Немаме алтернатива за надминување на прашањето со Бугарија, продолжуваме со европеизацијата дома

„Немаме алтернатива за членството во Европската Унија. Како и претседателот Стево Пендаровски, така и јас јавно размислувам, јавно зборувам за ставовите на нашата Влада, не ни требаат бајпас-решенија, не ни требаат алтернативни решенија за нашето членство во ЕУ“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев, на прес-конференцијата на која беше промовиран владиниот реформски пакет „Акција 21 – за европски стандарди дома“.

Премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање за македонско-бугарските односи, нагласи дека Република Северна Македонија заслужува како никој досега да биде членка на Унијата и додаде дека покажавме европско однесување и вредности и дома и во регионот, но и со самата Унија.

„Дома продолжуваме по европскиот пат, европеизацијата на државата нема да застане, дел од овие наши идни активности се и ‘Акција 21’, односно десетте приоритети, кои не се поврзани со поглавјата и можеме да почнеме буквално од самиот почеток на годината. Како и дефиницијата што јасно ја определивме, а тоа е – продолжуваат разговорите до изнаоѓање решение, и се надевам дека во првата половина на 2021 година во многу порелаксирани околности и кај двете страни ќе можеме да изнајдеме решенија“, посочи премиерот Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Заев на прес-конференцијата наведе дека Владата останува на одлуката да ѝ понуди на Република Бугарија да го покрива македонското небо и истакна дека бугарскиот народ и бугарското раководство на ова ќе гледаат како на чин на градење пријателство и на зацврстување на меѓусебната доверба.