22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Проверете дали сте на листата од речиси 300.000 граѓани кои добиваат 6.000 денари помош – Конечно списокот е ажуриран и објавен на интернет

Објавена е ажурирана листата на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk на која граѓаните ќе може да извршат проверка дали им следува помош од 6.000 денари.

Сепак на веб страницата стои дека податоците не се 100 процентно ажурирани, па така дополнително ќе бидат објавени листите за:

Филмски работници, Естрадни уметници, Самохрани родители – кои дополнително се регистрира во надлежниот орган за социјална работа.

Станува збор за помош, која е дел од четвртиот пакет мерки, во висина од околу 26 милиони евра кои ќе им бидат распределни на околу 300 000 граѓани на нивните трансакциски сметки, а кои ќе бидат наменети за купување домашни производи.

Финансиската поддршка се однесува на пасивните баратели на работа, корисниците на пензија во висина до 15.000 денари, самохрани родители, уметници ангажирани од правно лице регистрирано за дејност од областа на културата, филмски работници кои последните пет години работеле на минимум три филма поддржани од Агенцијата за филм и естрадни уметници членови на Здружението на естрадни уметници на Македонија.

Сите овие категории треба да се евидентирани во надлежните институции заклучно 27 септември 2020, со нето-доход од јануари до август 2020 не повисок од 120.000 денари.

Исто така, се однесува на корисници на социјална сигурност за стари лица за граѓани со над 65 години евидентирани во центрите за социјална работа, млади лица од 16 години до 29 години активни учесници во формалното средно образование и високото образование (кои не добиле домашна платежна картичка и дeца без родители и родителска грижа.

Како што наведуваат граѓаните не аплицираат за мерката, туку листи со корисниците прават Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјала и Министерството за образование и наука во координација со другите надлежни институции.

Генералниот секретаријат на Владата ги собира листите со граѓани и ги распределува корисниците по банките. Крајните листи на корисници се објавуваат на www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Средствата ќе се исплатат на трансациската сметка на корисникот,а за оние кои не поседуваат ќе им биде отворена.

Ако граѓаните ги исполнуваат условите, а ги нема на листа во рок од три дена од објавување, може да поднесат приговор на kupuvamdomasno.gov.mk со наведување: ЕМБГ, име и презиме, адреса на живеење, општина и е-маил.

Генералниот секретаријат ќе упати јавен повик компаниите кои продаваат македонски производи и услуги да се пријават.

Компаниите каде ќе можат да се купуваат македонски производи и услуги ќе бидат задолжени на рафтовите или веб-страната да ги истакнат истите.

Како да проверите дали сте ја добиле помошта?

Проверката е многу едноставна. Ја отворате државната веб страница kupuvamdomasno.gov.mk, каде ќе ви биде побаран внес на вашиот ЕМБГ, при што откако ќе го внесите ќе добиете повратен одговор дали сте добитник на помошта или не.

Доколку не сте на листата, а сметате дека ги исполнувате условите многу лесно може да поднесите и приговор преку можноста која ќе ви биде дадена на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Внимание: Вашиот ЕМБГ е ваш личен број. Не смеете да го давате на други лица, ниту да го објавувате јавно како коментар, статус или друго на социјалните мрежи или било кое друго место. Во овој случај единствено може да го искористите при проверка преку веб страницата Https://kupuvamdomasno.gov.mk која е владина страница.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T

СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

M T

Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството

M T